Семејни ресурси и поддршка на семејства на деца со интелектуална попреченост
Апстракт
На семејствата со член со интелектуална попреченост, особеио кога стстува збор за потешка интелектуална попречеиост која најчесто е придружена и со дополнителии нарушувања, им е неопходна коитинуирана помош u поддршка. Истражувањето има гјвл да покаже кои ce ресурсите со кои располага семејството и од кого имаат најголема поддршка семејстеата на деца со интелектуална попречеиост.
Во рамките на ова истражување, со употреба на Скалата за семејна поддршка и Скалата за семејни ресурси, беа добиени податоци од 60 родители на деца со интелектуална попреченост од четирите дневни центри во Охрид и во Куманово.
Со помош на АНОВА u t-mecm за значајност на разлики е утврдено дека најголема поддршка испитаниците имаат од својот партнер. Дневните центри ce значаен ресурс кој игра важна улога во животот на децата со посебни образобни потреби и нивните семејстеа. Податоците од истражувањето покажуваат дека на родителите им ce најзначајни времето кое го поминуваат со своите
деца, a родителите најмалку време имаат за одмор, разонода и забава. Соодветно со очекуваното, постои корелација меѓу ресурсите и поддршката на семејствата, односно колку поддршката ce зголемуеа толку ce зголемуваат и ресурсите. Возраста на детето е единстеена варијабла која влијае на поддршката на семејството, a кај ресурсите влијае степенот на образованието на родителите.
На семејствата на децата со посебни образовни потреби им е потребна поголема психолошка поддршка и соеетуеање, социјална поддршка, едукативна поддршка, поддршка ео остварувањето на праеата од областа на социјалната и здравствената заштита, како и поголема поддршка од локалната заедница.
Downloads
Авторски права (c) 2017 Наташа Станојковска Трајковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.