Приватниот безбедносен систем во потрага по легитимитет и јавна доверба
Апстракт
Трудот ги анализира природата и степенот на легитимност на приватниот безбедносен сектор, и ce фокусира на прашањето за тоа како легитимитетот елијае на улогата којашто приватните безбедносни субјекти ja имаат во
вршењето полициски задачи, како и на управувањето со безбедноста генерално.
Анализата ce потпира на постојната академска литература за приватната безбедност, како и на квалитативното истражување на состојбите во Македонија.
Ако работниците во приватното обезбедување имаат понизок легитимитет (како и послаби ингеренции за употреба на сила) во споредба со државната полиција, на ум треба да ce имаат две премиси: прво, постои јасна тенденција на намалуеање на јазот меѓу јавниот и приватниот безбедносен сектор; и второ, имајќи 60 вид дека приватните безбедносни службеници и фирми стануваат cè
поинволвирани во вршење на традиционални полициски функции, слабиот легитимитет и отсустеото на правна моќ за дејствување може да ce одрази негативно на ниеното дејствуеање во иднина. Сепак, во дадениот миг, слабостите ео
поглед на легитимитетот на приватната безбедност во Македонија не ce дефинирани како акутен и видлив проблем, со оглед на тоа што на приватните безбедносни актери им ce доделени специфични правни овластувања и што mue не ce потпираат на легитимитетот ео мерка ео која тоа е принудена да го прави
полицијата ео ершењето на нејзината дејност.
Downloads
Авторски права (c) 2017 Билјана Ванковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.