СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ НА СЕМЕЈСТВОТО: ПЕРЦЕПЦИИ ЗА НОВИ МОДЕЛИ НА СЕМЕЈНИ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Апстракт
Историските и демографски процеси влијаеле значително на трансфор-
мацијата на традиционалното во модерно семејство, при што ја промениле не-
говата структура, функции, партнерските односи, како и родителството и
воспитувањето на децата, перцепцијата за бракот, разводот, наталитетот
итн. По индустриската револуција нуклеарната форма на семејство станува
доминантен модел на семејство во Европа и е сè уште најзастапен и во маке-
донското современо општество.
Општествени промени како глобализацијата, индивидуализацијата, се-
куларизацијата, како и динамиката на современото живеење довеле до нови
форми на семејства кои се одраз на современите општества. Во овој труд ќе би-
де претставена кратка анализа на структурата на семејствата, трансформа-
цијата од традиционално кон модерно семејство и новите модели на семејства.
Конкретно ќе бидат подетално елаборирани вонбрачните заедници, мултиет-
ничките семејства и истополовите заедници во РС Македонија и ќе бидат пре-
зентирани резултатите од квалитативно истражување за перцепцијата на
овие модели на семејства во РС Македонија спроведено во текот на 2019 година.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Ирена Авировиќ Бундалевска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.