НЕОДЛУЧНОСТ ПРИ ИЗБОРОТ НА КАРИЕРА
Апстракт
Во овој труд е даден преглед на неодлучноста при изборот на кариера како комплексен и мултидимензионален конструкт којшто е во фокусот на истражувањата во областа на вокациската психологија. Во воведниот дел е дадена
една од најчесто наведуваните дефиниции во литературата, како и непријатните состојби што може да ги предизвика. Потоа следува приказ на начинот на
којшто овој конструкт е интегриран во дел од теориите за избор и развој на кариера, по што се соопштени емпириски наоди за структурата на неодлучноста при изборот на кариера и нејзините извори од когнитивна и емоционална
природа. Објаснета е и дистинкцијата на кариерната неодлучност од нерешителноста како црта на личноста и разликата помеѓу развојната, хроничната
и акутната неодлучност. На крајот е истакната важноста на оваа појава и за
практиката, односно во професионалната ориентација и советувањето за кариерата.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Билјана Блажевска Стоилковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.