СЕМЕЕН КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ: РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Апстракт
Во последниве години, се зголемува бројот на истражувања за квалитетот
на животот, особено на семејствата со членови со попреченост. Семејниот
квалитет на живот (СКЖ) е од особено значење во посебното образование бидејќи
истражувачите се стремат да ја разберат и подобрат благосостојбата на овие
семејства. Целта на оваа студија е да ги презентира наодите за квалитетот на
животот на родителите кои воспитуваат деца со попреченост.
Користејќи квантитативен истражувачки пристап и Скала за
квалитет на семејниот живот од Бич Центар (БЦКСЖ), беа анкетирани 205
родители. Резултатите беа неочекувано позитивни, покажувајќи генерално по-
високи нивоа на квалитет на живот кај учесниците. Сепак, беа идентификувани
предизвици во специфични области, како што се „Емоционална благосостојба“,
и „Материјална/физичка благосостојба“.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Даниела Димитрова Радојичиќ

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.